2 МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК



26-29.5.2020 год.









План за работа –од 26.5.2020- 29.5.2020
 Петто одделение-Зорица Димова

Наставен предмет: македонски јазик
Наставна содржина
Повторување – Јазик  и Литература
Вовед во активноста
              Повторете и проверете си ги своите знаења од јазик (голема буква,
                                скратеници, видови зборови- именки, придавки, заменки, правилна употреба на голема буква и скратеници.
               Повторете си за проза (приказни, митови, легенди, бајки, басни, поговорки, гатанки, расказ, роман) и поезија (лирика и епика).
      Имате време за повторување (вторник,среда и четврток), во петок ќе ви го испратам тестот на маил и треба истиот ден да ми го пратите
             решен.Доколку  ми го испратите нареден ден ќе биде неважечки.  
                                                           Поздрав!
Меил од наставникот
szorica_dimova@hotmail.com

План за работа –од 18.5.- 22.5.2020
 Петто одделение-Зорица Димова

Наставен предмет: македонски јазик
Наставна содржина

Интерпретација на текстот „Голгетер“ (стр136)
Интерпретација на песната „Готвачот Методија“ ИКТ-стр.152
Опис на слика-творење

Вовед во активноста
Интерпретација на текстот „Голгетер“ (стр136)
Прочитајте го текстот два пати,нема да правите план туку ќе ги сработите наставните листови што ви ги испраќам.На крај ќе ја објасните следнава изрека:,,НАЈДОБАР ЛЕК ЗА СМИРУВАЊЕ Е ЧИСТАТА СОВЕСТ“.
Интерпретација на песната „Готвачот Методија“ ИКТ-стр.152
Прочитајте ја песна за готвачот Методија-многу е интересна,а уште поитересна е вашата задача:да напишете што знаете да зготвите сами и да ја опишете постапката на приготвување.
                            Опис на слика-творење
Ајде малку да твориме. Излезете во вашите дворови или на вашите тераси,разгледајте и опишете се што се случува со природата околу вас и како таа се менува во ова годишно време.



План за работа –од 11.5.2020-15.5.2020
 Петто одделение-Зорица Димова

Наставен предмет: македонски јазик
Наставна содржина
Интерпретација на песната„Без децата“ стр143  ИКТ
Интерпретација на песната „Убаво е во Мај“
Интерпретација на басната „Јазовецот и зајакот“


Цели по предмети

Вовед во активноста
Интерпретација на песната„Без децата“ стр143  ИКТ
Во вашите тетратки нацртајте сонце со зраци и на секој зрак напишете најубави зборови.Потоа секој збор споредете ги со децата. Прочитајте ја  песната два патии одговорете на следното прашање:Зошто децата се најголемото богатсво во светот?
               Интерпретација на песната „Убаво е во Мај“
Прочитајте ја песната неколку пати на страна 147. Потоа обидете се и вие да напишете песна за пролетта. И на крај ви оставам избор да научите напамет 10 стиха од песната ,,Без децата“ или да ја научите цела песна ,,Убаво е во мај“ со тоа што  ќе се снимате на телефон и ке ми го испратите видеото на вибер.

Интерпретација на басната „Јазовецот и зајакот“
Накратко опишете една ваша највпечатливата кавга што сте ја имале, зошто дошло до неа, кој се учествувал во неа, каков бил резултатот на крајот од кавгата и што било смешно или поучно во таа кавга.Потоа прочитајте ја басната. По завршување на читањето на басната одговорете на  прашањата: Што ви беше интересно (смешно, тажно, страшно) во басната? Дали ви се случило нешто слично како на овие ликови од басната? Ако ви се случило, тогаш што? Кога би можеле нешто да смените некој дел од басната, што би било тоа? Како би се чувствувале кога би биле на местото на ликовите од оваа басна? Кој ви беше омилен дел од басната? Пополнете ги наставните листови што ви ги испраќам за басната.И на крај размислете кои други краеви би можело да ги има басната или како би можела да се измени содржината т.е. прераскажете со изменет крај.




Меил од наставникот
szorica_dimova@hotmail.com














План за работа –од 4.5.- 8.5.2020
 Петто одделение-Зорица Димова

Наставен предмет: македонски јазик
Наставна содржина
Интерпретација на песната „Горо ле горо“    
Интерпретација на текстот „Сите мајки се такви“ 



Вовед во активноста
Интерпретација на песната „Горо ле горо“    
    Прочитајте ја песната,препишете ја песната во тетратката и одговорете на следниве прашања:
   За кого станува збор во песната и какво значење има тој во македонската историја?
 Интерпретација на текстот „Сите мајки се такви“ 
Прочитајте го текстот на страна 150, направете план ,издвојте тема и идеја и одговорете на прашањата (Насоки за домашна работа. Стр. 151).
Напишете состав на тема ,,Најдобрата мајка“




План за работа –од 27.4.- 30.4.2020
 Петто одделение-Зорица Димова

Наставен предмет: македонски јазик
Наставна содржина
Следење на постигањата – Контролна задача
Обработка на лектира бр. 6 „Гоце Делчев“ од Ванчо Николески
Вовед во активноста
Следење на постигањата – Контролна задача   
 Ајде да повториме,да се провериме и да ги утврдиме  знаењата од јазик
     кои   ги стекнавте досега.Имате време да повторите граматика за
      глаголи, придавки, именки ,самогласки,подмет, прирок и лични заменки. Во четврток решете ја контролната задача.Се надевам самостојно!
Обработка на лектира бр. 6 „Гоце Делчев“ од Ванчо Николески
Знам дека во вакви услови е тешко да се обработува лектира поради недостапноста на библиотеките. И оние кои ја прочитале летото, можеби делумно ја паметат.Но, затоа ви давам обврска да истражувате и доколку пронајдете податоци да одговорите на прашањата од наставните листови.
Меил од наставникот
szorica_dimova@hotmail.com












План за работа –од 21.4.- 24.4.2020
 Петто одделение-Зорица Димова

Наставен предмет: македонски јазик
Наставна содржина
Писмено изразување: „ Во пресрет на празникот Велигден“
Интерпретација на текстот ,,22 Април
Интерпретаија на текстот „Црвените уши“(стр.156)    


Вовед во активноста
Писмено изразување: „ Во пресрет на празникот Велигден“
Напишете состав за празникот Велигден,како се подготвувавте, како го дочекавте во оваа нова необична ситуација.
Интерпретација на текстот ,,22 Април
Прочитајте го текстот два пати,поделете го на целини,направете план,извлечете тема идеја и порака.Бидејќи е денот на планетата земја трба да учествуваме во ликовниот и литературниот конкурс на тема:ЕДНА ПЛАНЕТА ЕДНА ШАНСА (може да пишувате состав,може да цртате или ЕКО плакат да направите,може да се снимате со некоја песна за еко или пораки во рацете да држите и да се сликате)Но сето ова да го направите до четврток и да ми го испратите.
Интерпретаија на текстот „Црвените уши“(стр.156)    
Прашање на кое треба прво да одговорите:Кога ви се вцрвуваат ушите?
Прочитај те го текстот,одговорете на прашањата под текстот (разговараме за расказот),стработете го наставниот лист што ви го испраќам и на крај на страна 157 сработи (ОДБЕРИ СИ ЗАДАЧА),одберете една од понудените активности


Меил од наставникот
szorica_dimova@hotmail.com



План за работа –од 13.4.- 16.4.2020
 Петто одделение-Зорица Димова

Наставен предмет: македонски јазик
Наставна содржина
Јазик – Скратеници  стр.155    
Интерпретација на текстот: ,,Малата самовила ‘‘
Активности од текстот  „Малата самовила


Цели по предмети





Вовед во активноста
Јазик – Скратеници  стр.155    
Отворете на страна 155 или пак разгледајте ја презентацијата за скратеници.Честопати се се среќаваме со нив во нашето секојдневие.Скратениците се добиваат така што ги кратиме зборовите,но се добиваат на неколку начини.
Зборовите се скратуваат така што се пишуваат само почетните букви наместо целиот збор(ж.р. – женски род, м.р. – машки род , н.е. – наша ера, с. – село)
Некои скратеници се пишуваат со големи букви(  В.П. – воена пошта ,М.П. – место за печат)
Скратеници се добиваат и со скратување до првата самогласка на зборот(бр. – број, гр. – град, мн. – множина, ср.р. – среден род)
Скратеници се добиваат и со скратување на зборовите до првиот слог, односно до самогласката на вториот слог (арх. – архитект, гимн. – гимназија,  год. – година, ул. – улица, грам. – граматика)
Овие примери ги немате во учебникот затоа и ви ги напишав, но затоа во него има други примери што сте ги применувале досега.Ваша задача е да ги препишете во тетратката овие примери што јас ви ги напишав и примерите од учебникот. А потоа ќе го сработите тоа што е во учебникот (прочитај и напиши во тетратката) на истата страна.Доколку пронајдете други скратеници напишете ги.
Интерпретација на текстот: ,,Малата самовила ‘‘стр.130
Почни да ја читаш бајката ,но по делови.Прочитај го првиот дел,а потоа во табелата за предвидување напиши што мислиш дека навистина ќе се случи и кави докази имаш за тоа.Потоа прочитај го вториот дел и повторно напиши што мислиш дека ќе се случи, кои се доказите, но че дополниш и во третата колона –што навистина се случило.Продолжи и со третиот дел на истиот начин.А потоа одговори на прашањата на страна 132 ( да разговараме).
Активности од текстот  „Малата самовила
Прочитајте го внимателно уште еднаш текстот, но сега целосно, а не по делови. Потоа одговорете на прашањата од наставните листови во вашите тетратки и на крај подредете ги правилно и редоследно речениците од техниката Ленти на приказната.
Ви посакувам Среќни велигденски празници!!! Бидете ми здрави, живи и секогаш насмеани!

Видео или аудио запис

Презентации

Линкови за активности









Наставен лист

Формативно вреднување


Меил од наставникот
szorica_dimova@hotmail.com



        ТАБЕЛА ЗА ПРЕДВИДУВАЊЕ               

                      Обработка на бајка ,,Малата самовила

Што мислите дека навистина                 ќе се случи ?
Какви докази имате за ова?
Што навистина се случи?













Одговори на прашањата!


1.Кој е во бајката?(ликови)


2.Каде се одвиваат настаните во бајката?
(локализација на место и време)


3.Што се случило во бајката а е важно според вас?
(куса содржина,тема, идеја)


4.Дали имаше проблем? Кој беше проблемот?
Како се реши?Извлечи заклучок?


5.Кој ти е омилен или најнеомилен дел од бајката 
и зошто?




Одговори на прашањата!

1.   НАПИШИ ГИ КАРАКТЕРИСТИ-КИТЕ НА ПРИНЦОТ!

2.   НАПИШИ ЗОШТО ТИ СЕ ДОПАДНА ИЛИ ЗОШТО НЕ ТИ СЕ ДОПАДНА БАЈКАТА!

3.   ШТО Е ФАНТАСТИЧНОТО ВО ОВАА БАЈКА?

4.   ИЗВЛЕЧИ ЗАКЛУЧОК ОД БАЈКАТА!

5.   ОПИШИ ЈА МАЛАТА САМОВИЛА!

6.   КАКО ЗАПОЧНУВА БАЈКАТА?

7.   ПОД КОЈ УСЛОВ САМОВИЛАТА ПРИФАТИЛА ДА МУ СТАНЕ ЖЕНА НА  ПРИНЦОТ?

8.   ЗОШТО МАЛАТА САМОВИЛА ГО НАПУШТИЛА ПРИНЦОТ?

9.   ШТО НАПРАВИЛ ПРИНЦОТ ОТКАКО ЗАМИНАЛА НЕГОВАТА ЖЕНА?

10.        КАКО МОЖЕШ ДА ЈА  ПОВРЗЕШ  БАЈКАТА СО РЕАЛНОСТА?

11.        КОГА БИ МОЖЕЛ/МОЖЕЛА ШТО БИ ПРОМЕНИЛ/А ВО БАЈКАВА?

12.        ШТО МИСЛИШ ЗОШТО МАЛАТА САМОВИЛА НИКОГАШ НЕ СЕ ВРАТИЛА?








Ленти на приказната

Принцот се оженил со девојката ,но со неа не живеел среќно ни три дена, па затоа ја избркал.

Принцот и малата самовила живееле среќно седум години,до смртта на стариот крал.

Девет ноќи по ред се среќавале на истото место и се повеќе се вљубувале еден во друг.

На полноќ,принцот отишол во липовата шума и ја сретнал малата самовила,облечена во сјаен фустан извезен со злато.


На денот на неговото полнолетство сите во кралството славеле.

Си биле крал и кралица и имале син единец.

„И јас бев повикана на твојата прослава,ама не дојдов затоа што сум олку малечка“-рекла самовилата.


“Ти мора да бидеш моја принцеза“--рекол принцот.

„ Мил мој“-рекла таа-„ќе бидам твоја ако ме сакаш само мене“.


Принцот и пришол и ја фатил за рака,а таа се измолкнала и исчезнала,оставајќи ја својата ракавица.


Една девојка со црвена коса и црни очи го маѓепсала принцот со својата убавина и тој се вљубил во неа, а неговата жена малата принцеза исчезнала.


Погледите на сите најубави моми биле вперени во него.


Од тогаш секој ден одел под стреата на старата липа,ја викал и чекал својата самовила,но таа никогаш не се вратила.


Принцот остарел несреќен .











План за работа –од 6.4.- 10.4.2020
 Петто одделение-Зорица Димова

Наставен предмет: македонски јазик
Наставна содржина
Јазик – Ги утврдувам знаењата- подготовка за контролен тест
Јазик – Ги утврдувам знаењата- контролен тест
Интерпретација на текстот: ,,Пипи Долгиот Чорап‘‘ стр.140 -ИКТ
,,Мојот најдобар другар‘‘ – опис  

Цели по предмети





Вовед во активноста
Јазик – Ги утврдувам знаењата- подготовка за контролен тест
Повторете си за  директен и индиректен говор како и нивната примена, правилната употреба на интерпункциски знаци кај директниот говор; зборови кои ги употребуваме за големо и мало; проста и сложена реченица и нејзините главни реченични делови (подмет, прирок и додатоци на прирокот); синоними, хомоними, роман.Значи подгответе се за контролниот тест што ќе го работите наредниот ден.
Јазик – Ги утврдувам знаењата- контролен тест
Сработете го тестот самостојно, прочитајте ги прашањата убаво пред да одговорите.Откако ќе го сработите , проверете го уште еднаш, потоа со помош на вашите родители прегледајте го и соберете ги бодовите, за да можете на крај да направите самооценување.Бидете искрени!
Интерпретација на текстот: ,,Пипи Долгиот Чорап‘‘ стр.140 –ИКТ
Преку насловот на текстот откривте за кого се работи, бидејчи ние веќе ја работевме истоимената лектирата.Но сепак ваша задача е да го прочитате текстот и да се потсетите на главните ликови (Пипи, Аника и Томи) и нивните лудории.Одговорете на прашањата под текстот (ДА РАЗГОВАРАМЕ).На крај сработете ја техниката:Вокабулар во четири агли .Нама да го прераскажувате бидејќи веќе ја обработувавме лектирата.
,,Мојот најдобар другар‘‘ – опис  
Досега сме ги опишувале нашите другарчиња, нивниот физички изглед и карактерните особини. Но оваа задача е да го опишете вашето другарче, но на шеговит начин.Замислете го поинаку, од друг аспект. Може да прераскажете некоја негова интересна случка, нешто шеговито што му се случило. Едно потсетување на правилата за пишување и творење. (воведен, главен и завршен дел); запазување на правилното-литературно изразување со правилни, убаво формулирани и јасни реченици, при тоа запазувајќи ги основните јазични и правописни правила; употреба на што повеќе придавки и убави описи.

Видео или аудио запис

Презентации

Линкови за активности









Наставен лист

Формативно вреднување


Меил од наставникот
szorica_dimova@hotmail.com










Наслов на текстот



                              










За мене највпечатлива реченица е :
Краток опис на изгледот на Пипи













Илустација













Вокабулар во четири агли