МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

                                         


План за работа –од изминатата седмица
Петто одделение-Зорица Димова

Наставен предмет: македонски јазик
Наставна содржина
Јазик –Голема буква при пишување на празници стр.135
Интерпретација на песната „Полско училиште“
Јазик: мало и големо


Цели по предмети
Ø  правилна употреба на голема буква при пишување на празници чие име е напишано со број;
Ø  изразно да чита; да анализира лирска песна (да открива основно поетско чувство, мотив, поетски слики, строфи и стихови, рима, преносно значење)
Ø да препознава деминутиви и аугментативи во
реченицата;
-правилна примена на истите во говорот
Вовед во активноста

Прочитај те го текстот од учебникот на страна 135.Напишете го насловот во тетратката, а потоа напишете ги празниците онака како што ви се дадени .Препишете го следниов заклучок и запамете го: Ако првиот дел од името на празникот е напишан со цифри, следниот збор започнува со голема буква.
Пр.  1 Мај, 8 Септември, 2 Август.За домашна ;Напиши десет реченици со имиња на празници.

Направете со помош на техниката ГРОЗД  од зборови
на тема ПРОЛET,   ПТИЦИ и ИНСЕКТИ.  
Прочитај ја песната, препиши ги
непознатите зборови и со помош на родителите
објаснете ги.
Одговорете на сите прашања што се под
песната во тетратките.

На страна 112 и 113 има зададаени задачи .Реши ги со тоа што ќе ги препишеш во тетратката заедно со следниов заклучок: ЗАКЛУЧОК:Во нашиот јазик  се употребуваат зборови кои искажуваат чувствен однос: за мало (мило)-ДЕМИНУТИВИ и форми за големо,огромно, одбивно, грдо, страшно -АУГМЕНТАТИВИ.

 

Контакт со наставникот
szorica_dimova@hotmail.com









План за работа – 16.3-20.3.2020
 Петто одделение-Зорица Димова

Наставен предмет: македонски јазик
Наставна содржина
Интерпретација на текстот „ Дишење на ауспух“ стр.128
Писмено изразување по фантазија „Приказна за мојата планета со загаден воздух“
Голема буква при пишување имиња на држави, жители, народи... РЛ  ИКТ
Интерпретација на текстот „ Копнеж“ (стр. 122 и 123)  
      Писмено изразување: „Како се посрамотив“ - раскажување од друго стојалиште    
Цели по предмети
Ø  Да разговара за содржината на текстот.
Ø  Да определува тема, логички целини, тема  и порака.
Ø  Да  твори на зададена тема, почитувајќи ги правописните правила и прописи;
Ø  Да  употребува целосни и правилни реченици.
Ø  Да  ги запази главните елементи на еден состав.
Ø  правилно да употребува голема буква при пишување народи и припадници на народи
Ø  да разговара за содржината на текстот; да определува тема, идеја, ликови и нивни основни карактерни особини, прака,  логички целини и да изготвува план
Ø  правилно усмено и писмено да раскажува од друго стојалиште, со употреба на јасни, правилни и целосни реченици, при тоа запазувајќи го редоследот на настаните и јазичните правила
Вовед во активноста

Прочитај те го текстот од учебникот на страна 128. Определете ја темата,поделете го на  логичките целини и пронајдете ја пораката. Напишете план а потоа одговорете на прашањата.Моја помош за планот, но може да претрпи измени бидејќи од вас  се бара сами да дојдете до свои сознанија и извлекување главни мисли.
Тема: Загадувањето на планетата Земја.
Главни мисли:
1.Се помалку зеленило и чист воздух.
2.Фабриките најголеми загадувачи.
3.Смогот — непријател на човекот.
Порака: Да водиме грижа за чиста планета.
Да             По ваша фантазија напишете состав за вашата планета ,
за за                   загадениот воздух, што би можеле вие да придонесета , а што
                         би можеле со помош на  другите да направите за заштита
                 на планетата Земја.Во тертатка ,но ако скате може и да ми ги
                 испратите на маил.Доколу сакате можете и на компјутер да
                            пишувате , веќе сите знаете. Напомена составот да ги
                       содржи трите елементи на содржината:
                          вовед, главен и завршен дел.

Отворете на страна 134 и разгледајте ја табелата. Се што треба да заклучите е дека државите, нивните жители, народи градови и села се пишуваат со голема буква. Само присвојните придевки кои се изведени од именките се пишуваат со мала буква. Според табелата тоа се жителите градовите и селата. Направи своја табела со држави и градови по свој избор, но да биде слична на табелата дадена во учебникот.

Многупати сме разговарале дека сите се разликуваме еден од друг па иако сме браќа и сестри па дури и близнаци ,сепак сме различни.Но има некој што е поразличен од сите нас во нешто што треба вие да го откриете со читање на текстот ,,Копнеж“ на страна 122.Прочитај те го текстот, направете план со поделба на целини и извлечете порака, еве мала помош: Порака: Не пресудувај ништо и никого пред да ја дознаеш вистината! Опишете го ликот на Љупчо!Одговорете на прашањата под текстот (Да разговараме и Објасни)

Следна задача ви е да творите. Раскажете го расказот од стојалиште на разлутените граѓани.Насловот нека биде,,Како се посрамотив“, а при раскажувањето не ги штедете вашите емоции. Прочитајте им го на вашите родители. (ТВОРИ- страна 123)Да бев со вас сигурно ќе имавте сите петки бидејчи знам како раскаќувате.

Видео или аудио запис

Презентации

Линкови за активности
Доколку сакате вклучете се на линкот и решете го квизот: Правилна употреба на голема буква








Наставен лист
Наставниот лист е за повторување од минатата недела
Формативно вреднување


Меил од наставникот
szorica_dimova@hotmail.com









План за работа –од 22.3.-27.3.2020
 Петто одделение-Зорица Димова

Наставен предмет: македонски јазик
Наставна содржина
Интерпретација на текстот ,,Еко – акција‘‘
Анализа на текстот „Еко – акција - ЕКО интеграција
Интерпретација на текстот„Чистотата е половина здравје“ стр.99
Интерпретација на песната „Царица -  јаглика“    
Изразно рецитирање песна  ,,Царица - јаглика “
Цели по предмети





Вовед во активноста

Интерпретација на текстот ,,Еко – акција‘‘
Прочитајте го текстот двапати, а потоа определете ја  темата, идејата и поделете го на логички целини. Оговорете на прашањата под текстот.
              Анализа на текстот „Еко – акција - ЕКО интеграција
                  Потсете се на текстот со тоа што ќе го прочитате уште еднаш.
                  Потоа со помош на наставниот лист направете анализа на текстот.
                  Определете го времето и местото на настанот и на крај напишете
                Неколку убави реченици за екологија.
                            
Да             Интерпретација на текстот„Чистотата е половина здравје“
стр.99
Демонстрирајте им на домашните како правилно се мијат рацете-онака како што слушавме на предавањата.
                Прочитајте го текстот по улоги со помош на вашите родители, а
                потоа  објаснете им зошто овој текст е драмски текст.На крај
                 напиштете пораки за  лична хигиена како што е моментало
                 најактуелна порака ,,Раце мијам ,за мирно да спијам“

Интерпретација на песната „Царица -  јаглика“    

Прочитајте ја песната и со помош на техниката ,,Двоен запис “     определете ги поетските слики.Нацртајте ја онаа поетска слика што најмогу ви се допаѓа и научете ја напамет.

Изразно рецитирање песна  ,,Царица - јаглика “

Рецитирате им ја песната на вшите блиски.
Видео или аудио запис

Презентации

Линкови за активности









Наставен лист

Формативно вреднување


Меил од наставникот
szorica_dimova@hotmail.com







            ПРЕД
       ПОТОА
          НА КРАЈ

















































План за работа –од 30.3.- 3.4.2020
 Петто одделение-Зорица Димова

Наставен предмет: македонски јазик
Наставна содржина
Повторување –Ајде да се провериме
Интерпретација на текстот „Април“
Интерпретација на текстот„Шестиот член„ стр.118


Цели по предмети





Вовед во активноста
Сработете го наставниот лист што ви го испраќам, за да утврдите дали правилно ја употребувате големата буква.
Интерпретација на текстот „Април“
Пред да го прочитате текстот напишете што најмногу ве радува во месец април.Прочитајте го текстот два пати. Определете тема,идеја.А потоа сработете го делот што е под текстот (воочи,препиши, дополни).на крај направете петторед нза месец април. Да се посетиме.
Насоки (петторед)
 Првиот ред е опис на темата со еден збор (вообичаено ова е именка)
 Вториот ред е опис на темата со два збора (две придавки)
 Третиот ред содржи три збора со кој се изразува дејството на темата (вообичаено три глаголи)
 Четвртиот ред е од четири збора кој покажуваат некое чувство за темата
 Последноит ред содржи синоними од еден збор,со кој повторно се опишува суштината на темата.
Интерпретација на текстот„Шестиот член„ стр.118
Прочитајте го текстот два пати.Поделете го на логички целини, за секоја целина издвојте главни мисли, определете тема, идеја,време,место и на крај порака.Мала помош: Тема:Кршење на велигденски јајца.
Содржина:
1.Петочлената дружина.
2.Договорот на дружината за наткршување со јајца.
3.Секој член носи јајце во боја.
4.Спирко е победник.
5.Искреноста го направила Љупчо шести член на дружината.
ПОРАКА:Во срцето на луѓето секогаш треба да има добрина, но и доблест да се признае грешката и да се извиниш за некоја некоректна постапка.
Со помош на техниките скелетен приказ и ѕвезда на приказната направете анализа на текстот.
Оваа недела требаше да ја работиме лектирата ,,Убави зборови“од Иван Џепаровски. Но со оглед на самата ситуација која ни се наметна, не можеме да ја сработиме. Незнам дали сите ја имате лектирата, дали може да ја најдете и сл. Да не се оптеретуваме со позајмување ккое е невозможно да се направи.
Затоа еве една активност за неа: Доколку ја има некој нека ја прочита, нека издвои три песни и нека направи анализа со помош на техниката двоен запис.
Значи не е задолжителна, со оглед на тоа што не можете да ја најдете.

Видео или аудио запис

Презентации

Линкови за активности









Наставен лист

Формативно вреднување


Меил од наставникот
szorica_dimova@hotmail.com




 Ајде да се провериме
                                                                                                                                      Дата:                           

Име и презиме:                                                                                                   ______________
_______________________________________        
одделение: ________



Пред да почнеш да одговараш,прочитај ги внимателно барањата,добро размисли па потоа одговори!

1.Со црвена боичка поправи ги грешките во понудениот текст, а потоа правилно препиши го на празните линии :

Живеам во република македонија.главниот град на нашата држава се вика скопје.Тој е преубав град во кој живеат многу Македонци.во него живеат и многу странци.Се запознав со едно семејство дојдено од Сад од гр Чикаго.Тоа е семејството Филипс.Г ѓа Филипс и г Филипс имаат три деца.
Децата се сеуште мали па затоа ја имаат  дадилката г ца Мери.Таа е германка и ги учи децата да зборуваат Германски јазик.Оваа година заедно ги прославивме нова година и божиќ.За 2 август планираме да го посетиме крушево.






____________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
                                                       
                                                                                                                                                            16/

2.Напиши две реченици во кои ќе употребиш : 
во првата реченица – имиња  на градови и жители на градови
во втората реченица –имиња на држави и народи
а)_______________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
б)_______________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
                                                                                                                                                           4/
3.Одговори и дополни:
Именки се_______________________________________________________________________
________________________________________________________________________________.
Со глаголите определуваме:______________________,_____________________ и _________
_________________.Придавки се ___________________________________________________
___________________________________________.Лични заменки се:____________________
________________________________________________________________________________
                                                                                                                                                           13/
4. Во понудените простори запиши ги имињата на авторите на делата и видот на литературна творба на која припаѓаат овие дела:  

       
                                                                                      ,,Алиса во земјата начудата,, од
      ,,Гоце Делчев,, од                                                ______________________________
       ______________________________                   Вид литературно дело: _________
      Вид литературно дело:_________                     ______________________________
      ______________________________                     ______________________________
      



Можни бодови 37
Освоени бодови________                                          Мислење:___________________________________________________
                                                                                    ______________________________________________________________
Бодовник:                                                                 ______________________________________________________________
 0-10(1)                                                                       ______________________________________________________________
11-17(2)                                                                      ______________________________________________________________
18-25(3)
26-31(4)
32-37(5)                                                                         Одделенски  наставник: